Стар Завет

Нов Завет

Судии 9:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Авимелех, синот Јеровалов отиде во Сихем при браќата на мајка си и им рече ним и на сиот дом на својата мајка:

2. „Прашајте ги сите сихемски граѓани: ‘Што ви е подобро, над вас да владеат седумдесет луѓе, сите Јеровалови синови, или еден човек?’ Спомнете си дека јас сум од вашето тело и од вашите коски!”

3. Браќата на неговата мајка им го пренесоа тоа на другите сихемски граѓани, и нивното срце се приклони кон Авимелеха, зашто зборуваа: „Наш брат е!”

4. И му дадоа седумдесет сикли сребро од храмот Вал- Веритов; со тоа Авимелех најми расипаници и ништожници, кои тргнаа по него.

5. Тогаш дојде во домот на татка си во Офра, и ги погуби своите браќа, Јероваловите синови, седумдесет луѓе, на еден камен. Му избега само Јотам, најмладиот Јеровалов син, зашто се беше скрил.

6. Тогаш се собраа сите сихемски граѓани и сиот Милов дом па го поставија Авимелеха за цар кај дабот што стои во Сихем.

7. Кога му раскажаа за тоа на Јотам, тој отиде и застана на врвот на гората Гаризин и им извика со сиот глас: „Чујте ме сихемски жители, и Бог ќе ве послуша вас!

8. Еднаш тргнале дрвата за да помазат цар кој ќе владее над нив. Па и рекоа на маслинката: ‘Биди ни цар!’

9. Маслинката им одговори: ‘Зар да се одречам од своето масло, што им е на чест на Бог и на луѓето за да владеам над другите дрва?’

10. Тогаш дрвата и рекоа на смоквата: ‘Дојди, биди ни цар!’

11. Смоквата им одговори: ‘Зар да се откажам од слаткоста и од својот красен плод за да владеам над другите дрва?’

12. Тогаш дрвата и рекоа на лозата: ‘Дојди, биди ни цар!’

Прочитајте целосна глава Судии 9