Стар Завет

Нов Завет

Судии 8:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Јеровал, синот Јоасов, отиде и живееше во својата куќа.

30. Гедеон имаше седумдесет синови, кои потекнуваа од него, зашто имаше многу жени.

31. Неговата наложница, која што живееше во Сихем, му роди син, кому му го даде името Авимелех.

32. Гедеон, синот Јоасов, умре во длабока старост; го погребаа во гробот на татка му Јоас во Авиезерова Офра.

33. По Гедеоновата смрт, Израелците пак почнаа да одат блудно по вааловците, па си го поставија за бог Ваал-Верит.

Прочитајте целосна глава Судии 8