Стар Завет

Нов Завет

Судии 8:27-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Гедеон направи од тоа ефод и го постави во својот град Офра. И сиот Израел блудно одеше таму по него; и тоа им беше стапица на Гедеона и на неговиот дом.

28. Така Мадијамците беа покорени под Израелците. Веќе не ја креваа главата, и земјата беше мирна четириесет години, додека живееше Гедеон.

29. Јеровал, синот Јоасов, отиде и живееше во својата куќа.

30. Гедеон имаше седумдесет синови, кои потекнуваа од него, зашто имаше многу жени.

31. Неговата наложница, која што живееше во Сихем, му роди син, кому му го даде името Авимелех.

32. Гедеон, синот Јоасов, умре во длабока старост; го погребаа во гробот на татка му Јоас во Авиезерова Офра.

33. По Гедеоновата смрт, Израелците пак почнаа да одат блудно по вааловците, па си го поставија за бог Ваал-Верит.

34. Израелците веќе не си спомнуваа за Господа, својот Бог, кој ги избави од рацете на сите нивни непријатели наоколу.

35. И не му искажуваа благодарност на домот на Јеровал, Гедеон, за доброто што му го направи на Израел.

Прочитајте целосна глава Судии 8