Стар Завет

Нов Завет

Судии 8:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Зевеј и Салман беа во Каркор, и нивната војска со нив, околу петнаесет илјади луѓе, што беа оставени од војската на синовите на Исток; сто и дваесет илјади војници паднаа.

11. Гедеон тргна по патот на оние што живеат под шатори, источно од Нова и Јогвеја, па ја порази војската што стоеше безгрижно.

12. Зевеј и Салман избегаа. Тој ги подгони и ги фати двата мадијамски цареви, Зевеј и Салман. А сета војска им ја уништи.

13. По битката Гедеон, синот Јоасов, се врати од војна преку Хереската Нагорница.

14. И фати еден млад човек од Сокхот па почна да го распрашува; а тој му ги напиша имињата на сокхотските кнезови и старешини, седумдесет и седум луѓе.

15. Потоа Гедеон отиде кај Сокхотците и рече: „Еве ги Зевеј и Салман заради кои ми се потсмевнувавте мене, велејќи: ‘Дали се Зевеевата и Салмоновата рака веќе во твојата рака па да им дадеме леб на твоите изнемоштени луѓе?’”

16. Ги фати градските старешини, набра пустински трња и глогови, и ги казни со нив Сокхотците.

17. Ја разурна Фануилската Кула и ги погуби жителите.

18. Тогаш им рече на Зевеј и Салман: „Какви беа луѓето кои ги погубивте на Тавор?” „Личеа на тебе, - одговорија. - Секој беше како царски син.”

19. ”Тоа беа мои браќа, синови на мајка ми - рече Гедеон - Господ е жив! Ако ги оставевте во живот, јас не би ве убил.”

Прочитајте целосна глава Судии 8