Стар Завет

Нов Завет

Судии 8:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Ефремовите луѓе му рекоа на Гедеона: „Како постапи со нас: не нè повика кога тргна во бој против Мадијамците?” И му приговорија жестоко.

2. Тој им одговори: „Па што сум направил јас кога ќе се споредам со вас? Не е ли Ефремовото дособирање подобро од Авиезеровиот гроздобер?

3. Господ ги предаде во вашите раце мадијамските кнезови Орива и Зива. Може ли да се споредува моето дело со она што го направивте вие?” На тие зборови стивна нивниот гнев против него.

4. Кога Гедеон дојде до Јордан, го помина, но тој и трите стотини луѓе, со него, беа изнемоштени и гладни.

5. Затоа им рече на луѓето од Сокхот: „Дајте им леб на луѓето кои одат по мене, изнемоштени се. Јас ги гонам Зевеја и Салмана, мадијамските цареви.”

6. Но сокхотските главатари му одговорија: „Зар Зевеевата и Салмоновата рака веќе се во твојата рака, за да и дадеме леб на твојата војска?”

7. Гедеон им рече: „Добро! Кога Господ ќе ми ги предаде во рацете Зевеја и Салмана, ќе ви го раскинам телото со трње и со пустински глогови.”

8. Оттаму отиде во Фануил и побара исто од Фануилците, а тие му одговорија како што му одговорија и Сокхотците.

9. Тој им се закани и на Фануилците: „Кога ќе се вратам како победник, ќе ви ја разрушам оваа кула.”

10. Зевеј и Салман беа во Каркор, и нивната војска со нив, околу петнаесет илјади луѓе, што беа оставени од војската на синовите на Исток; сто и дваесет илјади војници паднаа.

11. Гедеон тргна по патот на оние што живеат под шатори, источно од Нова и Јогвеја, па ја порази војската што стоеше безгрижно.

12. Зевеј и Салман избегаа. Тој ги подгони и ги фати двата мадијамски цареви, Зевеј и Салман. А сета војска им ја уништи.

Прочитајте целосна глава Судии 8