Стар Завет

Нов Завет

Судии 6:32-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Во тој ден го нарекоа Гедеона: Јеровал, зашто се зборуваше: „Самиот Ваал нека се пресмета со него, зашто му го разурна жртвеникот.”

33. Сите Мадијамци, Амаликци и синовите на Исток се собраа, и откако го поминаа Јордан, се влогорија во Езраелската Долина.

34. Господовиот Дух го укрепи Гедеона, и тој затруби во рог, и Авиезеровиот род застана зад него.

35. Тој испрати гласници низ целото Манасиево племе, па и тие застанаа зад него. Испрати вестители и во племето Асирово, Завулоново и Нефталимово, па и тие им тргнаа во пресрет.

36. Гедеон Му рече на Бога: „Ако навистина сакаш да го ослободиш Израел со мојата рака, како што вети,

37. еве ќе сложам овчо руно на гумно: ако има роса само на руното, а ако земјата остане сува, тогаш ќе знам дека со мојата рака ќе го избавиш Израел, како што вети.”

38. И бидна така. Гедеон порани утреден па исцеди роса од руното - полна кофа вода.

39. Пак Гедеон Му рече на Бога: „Не разгневувај се на мене, дека ќе Ти проговорам уште еднаш. Дозволи ми уште овој пат да се обидам со руното: само руното нека биде суво, а росата нека биде по сета земја!”

40. И Бог направи така во онаа ноќ: само руното остана суво, а росата падна по сета земја.

Прочитајте целосна глава Судии 6