Стар Завет

Нов Завет

Судии 5:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. ”Вие, кои јавате на бели ослици, седејќи на меки постелки, и вие кои одите по патиштата, пејте,

11. покрај извиците на развеселените пастири кај поилата. Нека бидат славени Господовите добротворства и Неговото владеење со Израел! И Господовиот народ слезе на вратата.”

12. ”Разбуди се, Деворо, стани! Стани, запеј песна! Храбро, стани, Вараку, води ги во робје своите поробувачи, сине Авиноамов!”

13. ”Тогаш слезе остатокот од луѓето против благородните: Господ слезе со мене против крепките.

14. Од Ефрема затекоа кон долината, по нив, Венијамин стигна меѓу твоите. Од Махир настапуваат началниците, од Завулон оние што носат заповеднички жезал.

15. Исахаровите кнезови беа со Девора, и Исахар, исто, тргна со Варака, побрза да го стигне во долината. Кај Рувимовите Потоци се советуваат долго.

16. Зошто остана меѓу трлата за да ги слушаш блеењата на стадата? Кај Рувимовите Потоци се советуваа долго.

17. Галад мируваше отаде Јордан. А зошто е Дан на туѓински бродови? Зошто Асир седи на брегот на морето? и мируваше во своите пристаништа?

18. Завулон е народ што и ја вети душата на смртта, и Нефталим на висорамнините.”

19. ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода, но не добија ни малку сребро.

20. Од небесните врвици војуваа, војуваа ѕвездите против Сисара.

21. Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кедумим, поток Кисон. Цврсто гази, моја душо!

22. Тогаш се кршеа коњските копита, од трчањето, од трчањето на јунаците.

23. ’Проколнете го Мироз, - рече Господовиот Ангел, - проколнете ги, проколнете ги, неговите жители, зашто не Му дојдоа на помош на Господа, на помош на Господа со храбрите.’”

Прочитајте целосна глава Судии 5