Стар Завет

Нов Завет

Судии 3:20-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Аод влезе. Царот седеше во ладната горница; беше сам. Аод му рече: „Цару, имам за тебе слово од Бога!” Тој веднаш стана од престолот.

21. Тогаш Аод го истрга со левата рака мечот од десното бедро и му ја прободе утробата.

22. Целата рака влезе со сечилото, и салото се склопи над острилото, зашто Аод не можеше да го извлече сечилото од утробата. Оттаму излезе нечистота.

23. Аод си отиде низ тремот; зад себе ја затвори вратата на горната соба и ја заклучи.

24. Кога тој си отиде, слугите се вратија за да погледаат. Бидејќи вратата на горната соба беше заклучена, рекоа: „Без сомнение отиде настрана, во клетот до ладната соба.”

25. Го чекаа долго време, со двоумење, зашто тој не ја отвори вратата на горницата. Најпосле зедоа клуч и отворија: нивниот господар лежеше на земјата, мртов.

26. Додека тие чекаа, Аод избега, ги замина веќе вајаните кипови и се засолна во Сеирот.

27. Штом дојде во Израелевата Земја, затруби во рог на Ефремовата Гора; и Израелевите синови слегоа со него од гората, а тој им стоеше на чело.

Прочитајте целосна глава Судии 3