Стар Завет

Нов Завет

Судии 3:2-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тоа беше само во полза на поколенијата на Израелевите синови, за да ја научат вештината на војување - барем оние што не ги знаеја поранешните војни:

3. останаа пет филистејски кнезови и сите Ханаанци, Сидонци и Евејци, кои живееја на гората Ливанова, од гората Вал-Ермон до влезот во Емат.

4. Тие послужија за да биде проверен Израел: за да се види дали ќе ги пази заповедите на Господа, што Господ им ги даде на нивните татковци преку Мојсеја.

5. Така Израелците живееја среде Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците;

6. се женеа со нивните ќерки и им ги даваа своите ќерки за нивните синови и им служеа на нивните богови.

7. И Израелевите синови правеа она што не му беше по волја на Господа. Го заборавија Господа, својот Бог, за да им служат на Ваал и на астартите.

8. Тогаш Господ пламна со гнев на Израел, и ги предаде во рацете на Хусан-Рисатаим, едомски цар, и му служеа на Хусан-Рисатаим осум години.

9. Тогаш Израелците извикаа кон Господа, и Господ им воздигна избавител, Готонил,Кенезовиот син, помлад Халевов брат, за да ги ослободи.

10. Господовиот Дух слезе на него, и тој му стана судија на Израел. И го поведе Израел во бој. Господ му го предаде во рацете Хусан-Рисатаим, едомскиот цар, и тој го победи Хусан-Рисатаима.

11. Оттогаш земјата беше во мир четириесет години. И почина Готонил, Кенезовиот син.

12. Израелците почнаа пак да прават она што е зло во Господовите очи. Затоа Господ му даде на Еглон, моавскиот цар, сила над Израел, зашто правеа што е зло пред Господа.

13. Еглон се обедини со Амоновите и со Амаликовите синови, тргна против Израел,го порази и го освои Палминиот Град.

14. Израелевите синови му служеа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години.

Прочитајте целосна глава Судии 3