Стар Завет

Нов Завет

Судии 3:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Израелците почнаа пак да прават она што е зло во Господовите очи. Затоа Господ му даде на Еглон, моавскиот цар, сила над Израел, зашто правеа што е зло пред Господа.

13. Еглон се обедини со Амоновите и со Амаликовите синови, тргна против Израел,го порази и го освои Палминиот Град.

14. Израелевите синови му служеа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години.

15. Тогаш Израелците извикаа кон Господа, и Господ им подигна избавител - Аод, син на Гира од Венијаминовото племе, човек кој беше левичар. И го испратија Израелците да му однесе данок на Еглона, моавскиот цар.

16. А Аод си направи меч со две острила, долг еден лакот, и го опаша под облеката покрај десното бедро,

17. И го однесе данокот на Еглона, моавскиот цар. Еглон беше многу дебел.

18. Откако го предаде данокот, Аод си отиде со луѓето, кои го беа донесле данокот.

19. Но кога дојде до извајаниот кип во близина на Галгал, се врати и рече: „Цару, имам да ти кажам една тајна!” Царот му одговори: „Тивко!” И сите што беа покрај него излегоа.

Прочитајте целосна глава Судии 3