Стар Завет

Нов Завет

Судии 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова се народите што Господ ги остави, за да ги испита со нив Израелевите синови, сите оние што не ги знаеја Ханаанските војни.

2. Тоа беше само во полза на поколенијата на Израелевите синови, за да ја научат вештината на војување - барем оние што не ги знаеја поранешните војни:

3. останаа пет филистејски кнезови и сите Ханаанци, Сидонци и Евејци, кои живееја на гората Ливанова, од гората Вал-Ермон до влезот во Емат.

4. Тие послужија за да биде проверен Израел: за да се види дали ќе ги пази заповедите на Господа, што Господ им ги даде на нивните татковци преку Мојсеја.

5. Така Израелците живееја среде Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците;

6. се женеа со нивните ќерки и им ги даваа своите ќерки за нивните синови и им служеа на нивните богови.

Прочитајте целосна глава Судии 3