Стар Завет

Нов Завет

Судии 20:36-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Венијаминовите синови видоа дека се победени. Луѓето Израелци се повлекоа од своите бојни редови пред Венијамина, надевајќи се на заседата што ја поставија околу Гаваја.

37. А оние кои беа во заседата се нафрлија брзо против Гаваја и, откако влегоа во неа, ги исекоа со остар меч сите жители.

38. Израелевите мажи се беа договориле со оние од заседата, тие да кренат столб од дим од градот како знак:

39. тогаш Израелевите мажи ќе се повлечат од бојот. Венијамин почна да ги убива Израелците и им исече триесет луѓе, и си рекоа: „Навистина, паѓаат пред нас како во поранешниот бој.”

40. А кога знакот, столб од дим, почна да се издига од градот, Венијамин се обѕрна и виде како пламен од целиот град се вишка кон небото.

41. Тогаш Израелевите мажи се завртија, а Венијаминовците ги опфати ужас, зашто видоа дека ги најде зло.

42. И избегаа пред Израелците кон пустината, но воините им беа зад петиците, а оние кои доаѓаа од градот ги убиваа од зад плеќи.

43. Така го опколија Венијамина и, гонејќи го без здивнување, го уништија до Гаваја на источната страна.

44. И на Венијамин му паднаа осумнаесет илјади луѓе, сè само способни јунаци.

45. Преживеаните се завртија и избегаа во пустината кон Римонската Стена. Сечејќи по патиштата, Израелците погубија уште пет илјади луѓе.

46. Во тој ден, на Венијаминовците им паднаа дваесет илјади луѓе навикнати на меч, сè само способни луѓе.

47. Шест стотини луѓе избегаа во пустината кон Римонската Карпа и останаа таму четири месеци.

48. Потоа Израелевите луѓе им се вратија на Венијаминците, ги исекоа со остри мечеви мажите во градовите, добитокот и сè што се нашло; и ги изгореа со оган сите градови што ги најдоа во Венијамин.

Прочитајте целосна глава Судии 20