Стар Завет

Нов Завет

Судии 20:26-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Тогаш сите Израелци и сиот народ отидоа во Ветил (Божји Дом), па плачеа и стоеја таму пред Господа; постеа цел ден до вечерта, принесуваа паленици и помирителни жртви пред Господа.

27. И тогаш Израелците пак Го прашаа Господа, (зашто во она време Ковчегот на Божјиот Завет се наоѓаше на тоа место,

28. и Финес, син на Ароновиот син Елеазар, стоеше пред него во оние денови.) Тие прашаа: „Треба ли пак да излеземе против синовите на нашиот брат Венијамин?” А Господ им одговори: „Тргнете, зашто утре ќе ги предадам во ваши раце.”

29. Тогаш Израел постави чети во заседа околу Гаваја.

30. На третиот ден Израелците тргнаа против Венијаминовците, и се наредија во бојни редови пред Гаваја, како и порано.

31. Венијаминовите синови излегоа против нив, а тие ги намамија далеку од градот. Како и порано Венијаминовците убиваа некои по патиштата, од кои еден водеше кон Ветил, а другиот во Гаваја; така убија околу триесет Израелци.

32. И Венијаминовите синови зборуваа: „Еве ги биеме како и првиот пат.” А Израелците рекоа: „Да бегаме додека не ги намамиме на отворени патишта, далеку од градот!”

33. Тогаш главнината на Израелевата војска стана од својот положај и се нареди во боен ред кај Вал Тамара, а Израелевата заседа излезе од своето засолниште западно од Гаваја.

34. Десет илјади способни луѓе, избрани од сиот Израел, дојдоа кон Гаваја. Бојот беше жесток. Венијаминовите синови и не насетуваа дека ќе ги стигне зло.

35. И Господ го порази Венијамина пред Израел во тој ден, та Израелците му погубија на Венијамина дваесет и пет илјади и сто луѓе свикнати на меч.

Прочитајте целосна глава Судии 20