Стар Завет

Нов Завет

Судии 20:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Началниците на сиот народ, на сите Израелеви племиња, дојдоа на собирот на Божјиот народ, четири стотини пешаци свикнати на меч.

3. А Венијаминовите синови научија дека Израелевите синови се искачиле во Миспа. Тогаш Израелевите синови запрашаа: „Кажете ни како се случи злосторот!”

4. Леви, мажот на убиената жена, зеде збор: „Дојдов со наложницата во Венијаминовата Гаваја за да преноќам.

5. А граѓаните на Гаваја станаа против мене и ноќе ја опкружија куќата во која што бев; сакаа да ме убијат мене, а мојата соложница ја изнасилија така што умре.

6. Затоа ја зедов мртвата соложница, ја исеков на делови и ја испратив во сите краишта на Израелевото наследство, зашто направија беззаконие и срамно дело во Израел

7. Ете, сите вие, Израелеви синови, разгледајте го делото и одлучете тука.”

Прочитајте целосна глава Судии 20