Стар Завет

Нов Завет

Судии 2:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Тогаш Израелевите синови почнаа да прават што не Му е по волја на Господа, и им служеа на Ваалите.

12. Го оставија Господа, Бога на своите татковци, кој ги изведе од Египетската Земја, и тргнаа по други богови, меѓу боговите на околните народи. Им се поклонуваа, Го разгневија Господа.

13. Отпаднаа од Господа за да им служат на Ваал и на Астарта.

14. Затоа Господ го излеа Својот гнев на Израел: ги остави на ограбувачите да ги ограбуваат, им ги предаде на непријателите наоколу, така што не можеа да им се спротиват.

15. Што и да почнеа, Господовата рака се свртуваше против нив за нивна несреќа, како што им рече Господ и како што им се заколна. И така паднаа во голема неволја.

16. Тогаш Господ почна да им издига судии, за да ги избавуваат од рацете на оние што ги ограбуваа.

17. Но тие не ги слушаа ни своите судии, туку изневеруваа со други богови и им се поклонуваа. Бргу се отклонија од патот по кој одеа нивните татковци слушајќи ги Господовите заповеди; тие не правеа така.

18. Кога им воздигаше судии, Господ беше со секој судија па ги избавуваше од рацете на нивните непријатели во текот на сиот век на судијата, зашто Му беше жал на Господа колку воздивнуваа под јаремот на оние кои ги угнетуваа.

19. А кога ќе умреше судијата, тие пак паѓаа во поголема расипаност отколку нивните татковци. Одеа по други богови, им служеа и им се поклонуваа, не отстапувајќи од своите опаки дела и постапки.

20. Тогаш Господ пламна со гнев против Израел и рече: „Затоа што овој народ го престапи Мојот Завет, што Јас го воспоставив со нивните татковци, и не го послушаа Мојот глас,

21. ни Јас отсега нема да изгонам пред нив ниеден од народите што Исус ги остави по својата смрт,” -

22. за да го стави со нив на искушение Израел: дали ќе ги пазат или не Господовите патишта, како што ги пазеа нивните татковци.

Прочитајте целосна глава Судии 2