Стар Завет

Нов Завет

Судии 18:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време немаше цар во Израел. Тогаш Дановото племе бараше земја каде да се насели, зашто до тој ден не им падна наследство меѓу Израелевите колена.

2. Затоа Дановците испратија петмина луѓе од своето племе, луѓе особено храбри од Сараја и од Естаол, за да ја извидат и за да ја запознаат земјата. И им рекоа: „Одете, извидете ја земјата.” И тие дојдоа во Ефремовата Гора, до Михината куќа, и заноќија таму.

3. Бидејќи беше близу до Михината куќа, го познаа гласот на младиот левит; навратија таму па го прашаа: „Кој те доведе ваму? Што правиш тука? И зошто си тука?”

4. А тој им одговори: „Миха направи така и така за мене. Тој ме глави, а јас му служам како свештеник.”

Прочитајте целосна глава Судии 18