Стар Завет

Нов Завет

Судии 17:5-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тој му изгради светилиште, потоа направи ефод (наплеќник) и терафим (куќни идоли) па посвети еден од своите синови за да му биде свештеник.

6. Во тоа време немаше цар во Израел, и секој работеше што сакаше.

7. Беше еден млад човек од Витлеем во Јуда, од Јудиното племе; беше левит и престојуваше таму како придојденик.

8. Тој човек си отиде од градот Витлеем, во Јуда, за да се настани во некое згодно место како придојденик. Патувајќи дојде до Михината куќа во Ефремовата Гора.

9. Миха го праша: „Од каде доаѓаш?” „Јас сум левит од Јудиниот Витлеем - му одговори тој - и патувам да се настанам некаде.”

10. ”Остани кај мене - му рече Миха - и биди ми татко и свештеник, а јас ќе ти давам по десет сребрени сикли годишно, облека и храна.” И левитот влезе.

11. Левитот се согласи да остане кај него, и младиот човек му беше како еден од синовите.

12. Миха го посвети левитот за свештеник; младиот човек стана негов свештеник и живееше во Михината куќа.

13. ”Сега знам - рече Миха - дека Господ ќе ми направи добро кога имам левит за свештеник.”

Прочитајте целосна глава Судии 17