Стар Завет

Нов Завет

Судии 17:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во Ефремовото племе имаше човек по име Миха.

2. Тој и рече на мајката: „Илјадата и сто сребрени сикли што ти беа украдени и заради кои изусти клетва - моите уши ја чуја - тие сребреници се кај мене, јас ги зедов.” Мајка му му одговори: „Господ да те благослови, сине мој!”

3. И Миха и врати илјада и сто сребрени сикли. А мајка му му рече: „Тие сребреници Му ги посветив на Господа од својата рака за тебе, сине мој, за да биде изработен за тоа режан или леан лик. И еве, затоа ги давам.”

4. Мајката зеде двеста сребрени сикли и му ги даде на златарот. Тој направи од нив режан и леан кип, што го поставија во Михината нова куќа.

5. Тој му изгради светилиште, потоа направи ефод (наплеќник) и терафим (куќни идоли) па посвети еден од своите синови за да му биде свештеник.

6. Во тоа време немаше цар во Израел, и секој работеше што сакаше.

7. Беше еден млад човек од Витлеем во Јуда, од Јудиното племе; беше левит и престојуваше таму како придојденик.

8. Тој човек си отиде од градот Витлеем, во Јуда, за да се настани во некое згодно место како придојденик. Патувајќи дојде до Михината куќа во Ефремовата Гора.

9. Миха го праша: „Од каде доаѓаш?” „Јас сум левит од Јудиниот Витлеем - му одговори тој - и патувам да се настанам некаде.”

10. ”Остани кај мене - му рече Миха - и биди ми татко и свештеник, а јас ќе ти давам по десет сребрени сикли годишно, облека и храна.” И левитот влезе.

11. Левитот се согласи да остане кај него, и младиот човек му беше како еден од синовите.

Прочитајте целосна глава Судии 17