Стар Завет

Нов Завет

Судии 15:8-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И ги натепа сите со силни удари, вдолж и напреку, и ги порази. После тоа отиде во пештерата на Итамската Стена и заседна таму.

9. Тогаш Филистејците тргнаа, се влогорија во Јуда и се раширија до Лехиј.

10. ”Зошто тргнавте против нас?” - ги прашаа Јудејците. А тие им одговорија: „Тргнавме да го врземе Самсона и да му направиме како што тој ни направи нам.”

11. Тогаш три илјади Јудејци отидоа кај пештерата на Итамската Стена и му рекоа на Самсона: „Зар не знаеш дека Филистејците господарат над нас? Тогаш зошто ни го направи тоа?” Тој им одговори: „Како тие мене, така јас ним!”

12. А тие му рекоа: „Дојдовме да те врзиме и да те предадеме во рацете на Филистејците.” „Заколнете ми се - им рече - дека не ќе ме убиете.”

13. ”Не - му одговорија, - ние само ќе те врзиме и ќе те предадеме во нивните раце, но навистина не сакаме да те убиеме.” Тогаш го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.

14. Кога го доведоа во Лехиј, и кога Филистејците, викајќи од радост, стрчаа кон него, Господовиот Дух го опфати, и јажињата на неговите раце станаа како ленени конци, прегорени со оган, и му паднаа од рацете.

15. Откако забележа уште пресна челуст од осле, ја протегна раката, ја зеде онаа челуст и со неа уби илјада луѓе.

16. Тогаш Самсон рече: „Со челуст на осле претепав купови, со челуст на осле убив илјада.”

17. Откако го дорече тоа, ја фрли челуста од раката. Затоа оттогаш тоа место го викаат Рамат-Лехиј (Фрлена челуст).

18. Бидејќи беше многу ожеднет, извика кон Господа: „Ти ја извојува оваа голема победа со рацете на Твојот слуга, а зар сега треба да умрам од жед и да им паднам во рацете на необрезаните?”

19. Тогаш Господ ја расече вдлабоченоста што е кај Лехиј, и вода потече од неа. Самсон се напи, и му се врати силата, духот му оживе. Затоа на тој извор му го дадоа името Ен-Акоре(Извор на Оној Кој Повикува), а кој е уште и денес во Лехиј.

20. Самсон беше судија во Израел, за време на филистејското владеење, дваесет години.

Прочитајте целосна глава Судии 15