Стар Завет

Нов Завет

Судии 15:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Филистејците запрашаа: „Кој го направи тоа?” Им одговорија: „Самсон, Тамнатевиот зет, затоа што тестот му ја одзеде жената и му ја даде на неговиот другар.” Тогаш Филистејците отидоа и ги изгореа со оган неа и татковиот и дом.

7. ”Штом го направивте тоа - им рече Самсон - не ќе мирувам додека не ви се одмаздам.”

8. И ги натепа сите со силни удари, вдолж и напреку, и ги порази. После тоа отиде во пештерата на Итамската Стена и заседна таму.

9. Тогаш Филистејците тргнаа, се влогорија во Јуда и се раширија до Лехиј.

10. ”Зошто тргнавте против нас?” - ги прашаа Јудејците. А тие им одговорија: „Тргнавме да го врземе Самсона и да му направиме како што тој ни направи нам.”

11. Тогаш три илјади Јудејци отидоа кај пештерата на Итамската Стена и му рекоа на Самсона: „Зар не знаеш дека Филистејците господарат над нас? Тогаш зошто ни го направи тоа?” Тој им одговори: „Како тие мене, така јас ним!”

12. А тие му рекоа: „Дојдовме да те врзиме и да те предадеме во рацете на Филистејците.” „Заколнете ми се - им рече - дека не ќе ме убиете.”

13. ”Не - му одговорија, - ние само ќе те врзиме и ќе те предадеме во нивните раце, но навистина не сакаме да те убиеме.” Тогаш го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.

14. Кога го доведоа во Лехиј, и кога Филистејците, викајќи од радост, стрчаа кон него, Господовиот Дух го опфати, и јажињата на неговите раце станаа како ленени конци, прегорени со оган, и му паднаа од рацете.

Прочитајте целосна глава Судии 15