Стар Завет

Нов Завет

Судии 15:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И Самсон отиде, фати триста лисици, зеде гламни и, свртувајќи ја опашката кон опашката, стави по една гламна меѓу две опашки.

5. Тогаш ги запали гламните, ги пушти лисиците во филистејските ниви и им ги запали сноповите и неожниеното жито, и лозјата, и маслинките.

6. Филистејците запрашаа: „Кој го направи тоа?” Им одговорија: „Самсон, Тамнатевиот зет, затоа што тестот му ја одзеде жената и му ја даде на неговиот другар.” Тогаш Филистејците отидоа и ги изгореа со оган неа и татковиот и дом.

7. ”Штом го направивте тоа - им рече Самсон - не ќе мирувам додека не ви се одмаздам.”

8. И ги натепа сите со силни удари, вдолж и напреку, и ги порази. После тоа отиде во пештерата на Итамската Стена и заседна таму.

9. Тогаш Филистејците тргнаа, се влогорија во Јуда и се раширија до Лехиј.

10. ”Зошто тргнавте против нас?” - ги прашаа Јудејците. А тие им одговорија: „Тргнавме да го врземе Самсона и да му направиме како што тој ни направи нам.”

11. Тогаш три илјади Јудејци отидоа кај пештерата на Итамската Стена и му рекоа на Самсона: „Зар не знаеш дека Филистејците господарат над нас? Тогаш зошто ни го направи тоа?” Тој им одговори: „Како тие мене, така јас ним!”

12. А тие му рекоа: „Дојдовме да те врзиме и да те предадеме во рацете на Филистејците.” „Заколнете ми се - им рече - дека не ќе ме убиете.”

13. ”Не - му одговорија, - ние само ќе те врзиме и ќе те предадеме во нивните раце, но навистина не сакаме да те убиеме.” Тогаш го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.

14. Кога го доведоа во Лехиј, и кога Филистејците, викајќи од радост, стрчаа кон него, Господовиот Дух го опфати, и јажињата на неговите раце станаа како ленени конци, прегорени со оган, и му паднаа од рацете.

Прочитајте целосна глава Судии 15