Стар Завет

Нов Завет

Судии 15:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По некое време, во жетвата на пченицата, Самсон дојде да ја посети својата жена, донесувајќи и јаре, и рече: „Сакам да влезам кај својата жена во одајата.” Но неговиот тест не му дозволи.

2. ”Мислев - му рече тој - дека си ја замразил, па му ја дадов на твојот другар. Но зар нејзината помлада сестра не е поубава од неа? Земи ја место неа!”

3. Самсон му одговори: „Овој пат нема да им бидам виновен на Филистејците, кога ќе им направам зло.”

4. И Самсон отиде, фати триста лисици, зеде гламни и, свртувајќи ја опашката кон опашката, стави по една гламна меѓу две опашки.

5. Тогаш ги запали гламните, ги пушти лисиците во филистејските ниви и им ги запали сноповите и неожниеното жито, и лозјата, и маслинките.

6. Филистејците запрашаа: „Кој го направи тоа?” Им одговорија: „Самсон, Тамнатевиот зет, затоа што тестот му ја одзеде жената и му ја даде на неговиот другар.” Тогаш Филистејците отидоа и ги изгореа со оган неа и татковиот и дом.

7. ”Штом го направивте тоа - им рече Самсон - не ќе мирувам додека не ви се одмаздам.”

8. И ги натепа сите со силни удари, вдолж и напреку, и ги порази. После тоа отиде во пештерата на Итамската Стена и заседна таму.

Прочитајте целосна глава Судии 15