Стар Завет

Нов Завет

Судии 1:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Така Асирците останаа меѓу Ханаанците, жителите на таа земја, зашто не ги истераа.

33. И Нефталим не ги изгони жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат, туку живееше меѓу Ханаанците кои ја населуваа таа земја, ама им наметнаа данок на жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат.

34. Аморејците ги истиснаа Дановите синови во гората, и не ги пуштаа да слезат во рамницата.

35. Аморејците се задржаа во гората Ерес, во Ајалон и во Салвим, но кога зајакна раката на Јосифовиот дом, им беше наметнат данок.

36. Подрачјето на Едомците се простира од Акравимското Нагорниште, до Стената и нагоре.

Прочитајте целосна глава Судии 1