Стар Завет

Нов Завет

Софонија 3:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Од другиот брег на етиопските реки, Моите поклоници, расеани ќе ми принесуваат жртвени дарови.

11. Во оној ден не ќе се срамиш од сите свои постапки, со кои грешеше против Мене, зашто ќе ги отстранам од сред тебе твоите горди фалба?ии; и веќе не ќе се возвишуваш на Мојата Света Гора,

12. зашто ќе оставам во твојата средина скромен и сиромашен народ, и во Господовото име ќе бараш закрила.

13. Остатокот Израелев веќе нема да прави неправда, не ќе зборуваат веќе лаги; во нивните усти не ќе се најде веќе измамлив јазик. Ќе можат да пасат и да се одмараат и никој не ќе им пречи.”

14. Воскликнувај од радост, Сионска Ќерко, викај од веселба, Израеле! Весели се и радувај се од сè срце, Ерусалимска Ќерко!

15. Господ те ослободи од твојата пресуда, ги отстрани Твоите непријатели! Господ, Израелевиот Цар, е во твојата средина! Не бој се веќе од зло!

16. Во оној ден ќе му се рече на Ерусалим: „Не бој се, Сионе! Нека не ти се истоштат рацете.

17. Господ, твојот Бог, е во твоја средина, силен Спасител! Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.”

Прочитајте целосна глава Софонија 3