Стар Завет

Нов Завет

Рут 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, и рече: „Ќерко моја, да ти побарам мирно место каде би можела да бидеш среќна?

2. Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното.

3. Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие.

4. Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.”

5. Таа и одговори: „Ќе направам сè како што ми велиш.”

6. И слезе на гумното и направи сè како што и повели свекрвата.

Прочитајте целосна глава Рут 3