Стар Завет

Нов Завет

Рут 2:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Кога стана да доприбира натаму Воз им заповеда на своите слуги: „Таа нека доприбира и меѓу сноповите, а вие немојте да ја навредувате.

16. Туку испуштајте класови и од своите ракатки, и оставајте ја нека собира и не и бранете!”

17. И така дособираше сè до вечерта, па тогаш го очукаа она што го имаше доприбрано: беше околу една ефа јачмен.

18. Таа го зеде своето и дојде во градот, а свекрвата виде колку дособрала. Тогаш Рута извади и и даде што и остана откако се насити.

Прочитајте целосна глава Рут 2