Стар Завет

Нов Завет

Псалми 99:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ царува - нека треперат народите; седи над херувите, нека се потресе земјата!

2. Господ е велик на Сион, возвишен над сите народи.

3. Нека го слават Твоето велико и страшно име: тоа е свето!

4. Ти си моќен Цар, Кој љубиш што е право, Ти ја утврди праведноста; Ти извршуваш правда и справедливост во Јакова.

5. Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте се пред Неговото подножје. Тоа е свето.

6. Мојсеј и Арон, меѓу Неговите свештеници, и Самоил, меѓу оние кои го повикуваат Неговото име: Го викаа Господа, и Тој ги послуша.

7. Им зборуваше од облачен столб; ги слушаа Неговите заповеди и повелбите што ги даде.

8. Господи, Боже наш, Ти ги послушуваше; Ти беше Бог кој им простува, иако ги казнуваше нивните гревови.

9. Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, почитувајте Го во Неговата Света Гора, зашто Господ нашиот Бог, е свет.

Прочитајте целосна глава Псалми 99