Стар Завет

Нов Завет

Псалми 98:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите.

3. Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог.

4. Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј!

5. Запејте Му на Господа со псалтир, со псалтир и со глас на псалмопеење;

6. со звуците на трубите и роговите: викајте радосно пред Царот - пред Господа!

7. Нека шуми морето и што е во него, земјата и нејзините жители!

8. Нека ракоплескаат реките, нека се радуваат ридовите, заедно со нив!

9. Зашто Господ доаѓа, доаѓа да и суди на земјата. Ќе и суди на вселената по правда и на народите по правина.

Прочитајте целосна глава Псалми 98