Стар Завет

Нов Завет

Псалми 98:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Воспејте Му на Господа нова песна, зашто направи чудесни дела. Неговата десница и Неговата света мишка Му извојуваа победа.

2. Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите.

3. Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог.

4. Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј!

Прочитајте целосна глава Псалми 98