Стар Завет

Нов Завет

Псалми 97:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Секавиците Му ја осветлуваат вселената, земјата го гледа тоа и трепери.

5. Планините се топат, пред Господа, како восок, пред Владетелот на целата земја.

6. Небесата ја навестуваат Неговата правда, сите народи ја гледаат Неговата слава.

7. Нека се засрамат сите што се поклонуваат пред слики и кои се фалат со идоли. Поклонете Му се, сите богови!

8. Сион слуша радосно, и Јудините ќерки извикуваат весело, заради Твоите судови, о Господи!

9. Зашто Ти си, о Господи, Сèвишен над целата земја, високо, високо, над сите богови.

10. Господ ги љуби оние, кои го мразат злото, Тој ги чува душите на Своите свети, ги избавува од рацете на нечесните.

11. Светлината се излева врз праведникот и радост за чистите во срцето.

Прочитајте целосна глава Псалми 97