Стар Завет

Нов Завет

Псалми 95:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува. О послушајте Му го гласот денес:

8. „Не бидете со тврди срца како во Мерива, како во денот кога Ме искушувавте во пустината,

9. кога вашите татковци Ме испитуваа, а иако ги видоа Моите дела.

10. Четириесет години ме јадосуваше тоа поколение, па реков: Народ се со непостојано срце, и не врват по Моите патишта.

11. Затоа се заколнав во Мојот гнев: Никогаш нема да влезат во Мојот покој!”

Прочитајте целосна глава Псалми 95