Стар Завет

Нов Завет

Псалми 95:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни!

3. Зашто величествен е Господ, нашиот Бог, велик Цар над сите богови.

4. Во Неговите раце се земските длабочини, Негови се планинските височини.

5. Негово е морето, Тој го создаде, и копното, што го направија Неговите раце.

6. Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател.

7. Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува. О послушајте Му го гласот денес:

Прочитајте целосна глава Псалми 95