Стар Завет

Нов Завет

Псалми 94:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ако Господ не ми помагаше, брзо ќе слезев во место на тишина.

18. Штом помислам: „Ногата ми се подлизнува,” о Господи, Твојата добрина ме потпира.

19. Кога ќе се соберат грижи во моето срце, Твоите утехи ми ја веселат душата.

20. Зар е безбожното судилиште во Сојуз со Тебе, кога создава неправда со помош на законот?

21. Само нека ја притискаат душата на праведниот, нека осудуваат невина крв.

22. Господ ми е тврдина, Бог - засолниште на моето прибежиште.

23. Ќе им плати за нивното беззаконие, ќе ги истреби со нивната злоба, ќе ги истреби Господ, нашиот Бог.

Прочитајте целосна глава Псалми 94