Стар Завет

Нов Завет

Псалми 91:4-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила!

5. Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење,

6. ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне.

7. И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи!

8. Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците.

9. Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила.

10. Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор.

11. Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта.

12. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.

13. Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.

Прочитајте целосна глава Псалми 91