Стар Завет

Нов Завет

Псалми 91:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор.

11. Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта.

12. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.

13. Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.

14. Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име.

15. Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам.

16. Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение.

Прочитајте целосна глава Псалми 91