Стар Завет

Нов Завет

Псалми 90:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Пред да се родат планините, пред да суштествуваат копното и земскиот круг, од век до век, Боже, Ти си!

3. Смртниците ги враќаш во прав и велиш: „Вратете се, човечки чеда!”

4. Зашто илјада години во Твоите очи се: како вчерашниот ден што помина и како ноќната стража.

5. Ги растеруваш како утрински сон, тие се како трева, што се зеленее:

6. наутро цвета и сета се зеленее, а навечер се суши и вене.

7. Навистина, Твојот гнев нè подјадува и нè збунува Твојата лутина.

8. Нашите гревови ги стави пред Твоите очи, нашите потајни беззаконија во светлината на Твоето лице.

9. Зашто сите наши денови минаа со Твој гнев, како воздишка ги завршивме своите години.

Прочитајте целосна глава Псалми 90