Стар Завет

Нов Завет

Псалми 90:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Научи нè да ги броиме нашите дни, да придобиеме мудро срце.

13. Врати се при нас, Господи! Па до кога? Биди им милостив на Своите слуги!

14. Насити нè наутро, со Својата милост, за да се радуваме и да се веселиме во сите наши дни!

15. Зарадувај нè за дните кога нè бичуваше, за годините кога страдавме многу!

16. Нека се покаже Твоето дело врз Твоите слуги и Твојата слава врз нивните деца.

17. Нека биде над нас добрината на Господа, нашиот Бог; дај ни да успее делото на нашите раце; нека успее делото на нашите раце.

Прочитајте целосна глава Псалми 90