Стар Завет

Нов Завет

Псалми 9:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела.

17. Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.

18. Зашто бедниот нема да биде заборавен засекогаш; ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во неволја.

19. Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека бидат осудени пред Тебе!

20. Господи, пушти страв на нив, нека познаат народите дека се луѓе.

Прочитајте целосна глава Псалми 9