Стар Завет

Нов Завет

Псалми 88:8-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Ги оддалечи од мене моите познати, направи да им бидам гнасен: затворен сум, не можам да излезам.

9. Очите ми гаснат од тага: викам кон Тебе, Господи, секој ден, кон Тебе ја пружам раката.

10. Зар над мртвите ќе правиш чудеса? Зар сенките ќе станат и ќе Те фалат?

11. Зар во гробот се раскажува за Твојата милост? За Твојата вистина во Гибелта?

12. Зар во темнина се објавуваат Твоите чудеса и Твојата правда во Заборавот?

13. Сепак, јас викам кон Тебе, Господи, пред мугрите, со молитва Те претекнувам.

14. Зошто, Господи, ја отфрлаш мојата душа? Зошто го криеш лицето од мене?

15. Беден сум и умирам веќе од детството, изнемоштев, носејќи ги Твоите морничавости.

16. Преку мене минаа виорите на Твојот гнев, Твоите стравотии ме засекоа,

17. секој ден, ме опкружуваат како вода, сите заедно ме обиколуваат.

18. Ги оддалечи од мене: пријателот и другарот, мракот ми е единствен познаник.

Прочитајте целосна глава Псалми 88