Стар Завет

Нов Завет

Псалми 88:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ме вбројуваат кон оние, што слегуваат во гроб, станав сличен на немоќниот.

5. Моето легло е меѓу мртвите, како убиените што лежат во гробот, за кои веќе не се сеќаваш, од кои ја тргна раката.

6. Ме смести во длабока јама, во темнини, во бездна.

7. Тешко ме притиска Твојот гнев, и со сите Свои бранови ме прекриваш.

8. Ги оддалечи од мене моите познати, направи да им бидам гнасен: затворен сум, не можам да излезам.

9. Очите ми гаснат од тага: викам кон Тебе, Господи, секој ден, кон Тебе ја пружам раката.

Прочитајте целосна глава Псалми 88