Стар Завет

Нов Завет

Псалми 87:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За Корееви синови. Псалм. Песна. Неговите основи се на светите гори. Господ ги љуби

2. Сионските Врати повеќе отколку сите Јаковови шатори.

3. Убавини се зборуваат за тебе, Божји граде!

4. „Ќе ги вбројам Раав (Египет) и Вавилон, меѓу оние што ме почитуваат; ете, Филистеј и Тир и етиопскиот народ - и тие се родени таму.”

5. За Сион се зборува: „Овој и оној е роден во него; Сèвишниот го утврдува!”

6. Господ ќе запише во книгата на народите: „Овие се родени таму.”

7. И ќе пеат играјќи коло: „Сите мои извори се во Тебе!”

Прочитајте целосна глава Псалми 87