Стар Завет

Нов Завет

Псалми 86:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Чувај ја мојата душа, зашто сум Ти посветен на Тебе; спаси го Твојот слуга, што се надева на Тебе!

3. Ти мој Боже, о Господи, смилувај ми се, зашто постојано викам кон Тебе.

4. Развесели ја душата на Својот слуга, зашто кон Тебе, Господи, ја издигам својата душа.

5. Зашто Ти си, Господи, добар и проштаваш со задоволство, полн си со љубов кон сите, кои Те повикуваат.

6. Чуј ја, Господи, мојата молитва, и внимавај на гласот на мојот повик.

7. Во ден на неволја Те призовувам Тебе, зашто ќе ме послушаш.

8. Ти нема рамен меѓу боговите, Господи, нема дела какви што се Твоите.

9. Сите народи, што ги создаде, ќе дојдат и ќе Ти се поклонуваат о Господи, и ќе го прославуваат Твоето име.

Прочитајте целосна глава Псалми 86