Стар Завет

Нов Завет

Псалми 86:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Зашто Ти си величествен и правиш чудеса: Ти си Единствен Бог.

11. Научи ме на Својот пат, Господи, за да одам верен кон Тебе, обедини го моето срце, да се бои од Твоето име!

12. Ќе Те фалам Господи, мој Боже, со сето свое срце, ќе го славам Твоето име довека.

13. Зашто е изобилна Твојата љубов кон мене, ја истрга мојата душа од длабочините на Подземјето.

14. О Боже, гордите се кренаа против мене, многу силници го дебнат мојот живот, и Те немаат Тебе пред очите.

15. Но Ти си, Господи Боже, милостив и благ, спор на гнев, обилен во љубов и вистина.

16. Погледај на мене и смилувај ми се; дај му ја Твојата сила на Твојот слуга и спаси го синот на Твојата слугинка!

17. Дај ми милостиво знак на Твојата наклоност, за да видат моите мразители и да се засрамат, зашто Ти ми помогна, Господи, Ти ме утеши.

Прочитајте целосна глава Псалми 86