Стар Завет

Нов Завет

Псалми 85:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Му ги прости беззаконијата на Својот народ, ги покри сите негови гревови.

3. Ја воздржа сета Своја лутина, се откажа од Својот распален гнев.

4. Обнови нè Боже, Спасителе наш, и отфрли ја зловолјата против нас!

5. Зар ќе се гневиш довека на нас! Преносувајќи ја Својата насрденост од род на род?

6. Зар нема да нè оживееш пак, за да се радува Твојот народ во Тебе?

7. Господи, покажи ни ја Својата милост и дај ни го Своето спасение.

8. Да го послушам тоа што ми зборува Господ Бог: зашто Тој ќе им зборува за мир: на својот народ, на Своите избраници, но нека не се свртат пак кон безумие.

9. Навистина, близу е Неговото спасение за оние што се бојат од Него, и Неговата слава ќе живее во нашата земја.

10. Љубовта и вистината ќе се состанат, правдата и мирот ќе се прегрнат.

11. Вистината ќе никнува од земјата, правдата ќе гледа од небесата.

12. Да, Господ ќе даде добро, а нашата земја својот плод.

13. Правдата ќе врви пред Него, и ќе направи пат за Неговите стапки.

Прочитајте целосна глава Псалми 85