Стар Завет

Нов Завет

Псалми 85:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. За Корееви синови. Псалм. Господ ја засака пак Својата земја, кон добро ја заврте Јакововата судбина.

2. Му ги прости беззаконијата на Својот народ, ги покри сите негови гревови.

3. Ја воздржа сета Своја лутина, се откажа од Својот распален гнев.

4. Обнови нè Боже, Спасителе наш, и отфрли ја зловолјата против нас!

5. Зар ќе се гневиш довека на нас! Преносувајќи ја Својата насрденост од род на род?

6. Зар нема да нè оживееш пак, за да се радува Твојот народ во Тебе?

7. Господи, покажи ни ја Својата милост и дај ни го Своето спасение.

Прочитајте целосна глава Псалми 85