Стар Завет

Нов Завет

Псалми 84:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Господи, Боже над Воинствата, чуј ја мојата молитва, послушај, Јаковов Боже!

9. Ете, о Боже, штиту наш, погледај го лицето на Својот помазаник!

10. Вистина, еден ден во Твоите дворови подобар е од илјада други. Повеќе сакам да стојам на прагот на Домот на мојот Бог, отколку да живеам во шаторите на грешниците.

11. Господ, Бог, е сонце и штит: Тој дава благодат и слава. Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност.

12. Господи над Воинствата, блазе му на оној што се надева на Тебе.

Прочитајте целосна глава Псалми 84