Стар Завет

Нов Завет

Псалми 84:4-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Блажени се оние што престојуваат во Твојот дом, славејќи Те непрекратно!

5. Блажен е човекот, чија сила е во Тебе, додека се подготвува за свети патишта!

6. Минуваат ли низ сува долина, ја претворуваат во извор на вода, и првиот дожд ја облекува со благослов.

7. Минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога во Сион.

8. Господи, Боже над Воинствата, чуј ја мојата молитва, послушај, Јаковов Боже!

9. Ете, о Боже, штиту наш, погледај го лицето на Својот помазаник!

10. Вистина, еден ден во Твоите дворови подобар е од илјада други. Повеќе сакам да стојам на прагот на Домот на мојот Бог, отколку да живеам во шаторите на грешниците.

11. Господ, Бог, е сонце и штит: Тој дава благодат и слава. Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност.

12. Господи над Воинствата, блазе му на оној што се надева на Тебе.

Прочитајте целосна глава Псалми 84