Стар Завет

Нов Завет

Псалми 84:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На гетски свиралки. За Корееви синови. Псалм. Колку се мили Твоите живеалишта, Господи над Воинствата!

2. Мојата душа гине и копнее по Господовите дворови. Моето срце и моето тело извикуваат кон живиот Бог.

3. И врапчето си наоѓа живеалиште и ластовичката гнезденце, каде ќе ги положи своите пилиња: Твоите жртвеници, Господе, над Воинствата, Царе мој, и Боже мој!

4. Блажени се оние што престојуваат во Твојот дом, славејќи Те непрекратно!

5. Блажен е човекот, чија сила е во Тебе, додека се подготвува за свети патишта!

6. Минуваат ли низ сува долина, ја претворуваат во извор на вода, и првиот дожд ја облекува со благослов.

7. Минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога во Сион.

8. Господи, Боже над Воинствата, чуј ја мојата молитва, послушај, Јаковов Боже!

9. Ете, о Боже, штиту наш, погледај го лицето на Својот помазаник!

10. Вистина, еден ден во Твоите дворови подобар е од илјада други. Повеќе сакам да стојам на прагот на Домот на мојот Бог, отколку да живеам во шаторите на грешниците.

11. Господ, Бог, е сонце и штит: Тој дава благодат и слава. Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност.

Прочитајте целосна глава Псалми 84