Стар Завет

Нов Завет

Псалми 82:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Асафов псалм. Бог стои во соборот на боговите, одржува суд среде боговите.

2. „До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците?

3. Заштитувајте ги: бедниот и сирачето, дајте им правда на јадникот и сиромашниот!

4. Избавете го измачуваниот и слабиот, истргајте го од безбожни раце!”

5. Не сфаќаат ниту разбираат, одат во темнина: сите основи на земјата се разлулеани.

6. Навистина реков: „Вие сте богови и сите сте синови на Сèвишниот!”

7. Но ќе умрете како сите луѓе, ќе паднете како секој од големите!”

Прочитајте целосна глава Псалми 82