Стар Завет

Нов Завет

Псалми 80:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Пред Ефрема, Венијамина и Манасија: разбуди ја Својата сила, дојди ни напомош!

3. Боже, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!

4. Господи, Боже над Воинствата, до кога ќе пламнуваш, иако Твојот народ се моли?

5. До кога ќе нè храниш со лебот на солзите, и ќе нè напојуваш изобилно со солзи?

6. До кога нашите соседи ќе се препираат за нас, и ќе ни се ругаат нашите непријатели?

7. Боже над Воинствата, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!

8. Ти ја пренесе лозата од Египет, ги истера нечистите, а неа ја засади.

9. Ти и подготви почва, и таа пушти корења и ја наполни земјата.

10. Сенката и ги покри бреговите, гранките и станаа како Божји кедрови.

11. Своите млади прачки ги испружи до морето и своите ластари до Реката.

12. Зошто и ја сруши оградата, за да ја берат сите што минуваат патем,

13. да ја запустува дивинита од гората, да ја пасат полските ѕверови?

Прочитајте целосна глава Псалми 80